Белешка за авторот:
Катица ЌУЛАВКОВА (1951) - поет, книжевен
теоретичар, есеист, антологичар,
универзитетски професор. Има докторирано
на загребскиот Универзитет. Работи како
редовен професор на Филолошкиот факултет
во Скопје. Била претседател, а сега е
почесен потпретседател на Македонскиот П.Е.Н.
Центар.
Ги има објавено следните книги:
поезија: 1975 - Благовести (награда „Студентски
збор“ и „Млад борец“); 1978 - Акт; 1981
- Нашиот согласник; 1984 - Нова пот; 1986
- Невралгични места/Неуралгична места;
1989 - Дива мисла (избор); 1989 - Жедби,
престапни песни (награда „Браќа
Миладиновци“); 1993 - Домино (награда „Нарциса“); 1998 - Time Difference (превод на
англиски - Илија Чашуле и Tomas Sapkott); 1998 - Via
lasciva, Saint-Nazaire (превод на француски - Harita
Wybrands); 2000 - Меѓусвет;
поетска драма: 1997 - Изгон на злото; 2000 - Expulsion
du Mal (Harita Wybrands);
раскази: 1989 - Друго време (difference, куси,
поетски раскази);
поетика, есеистика, критика: 1984 - Фигуративниот
говор и македонската поезија; 1987 - Стапка
и отстапка; 1989 - Одлики на лириката;
1992 - Копнеж по систем (избор); 1996 - Потход
и исход; 1997 - Камен искушител; 1997 - Тетратки;
1999 - Теорија на книжевноста - увод.
избори: 1985 - Манифестите во македонската
книжевност, Стремеж 10; 1988 - Трепет,
поезијата на Десанка Максимовиќ; 1988 - Поезијата
и јазикот (зборник текстови), СВП; 1992 - Маски,
поезијата на Матеја Матевски; 1993 - Избор
од поезијата на Ацо Шопов; 1996 - Црни
овци, антологија на светскиот расказ;
1998 - Феминистички стратегии, Сигмапрес,
Скопје; 2000 - Тајна одаја, македонскиот
расказ на ХХ век, Скопје; Anthologie de la nouvellle
macèdonienne, Paris, UNESCO; 2000 - „Од Марко
Цепенков до Игор Исаковски“ (презентација
на македонскиот расказ на Интернет); 2000 - Македонскиот
есеј, антологија на македонскиот
современ есеј, Прилеп, Стремеж.
аудио касета: 2000 - Метафизички немир,
поетски избор, Радио Скопје.
web site: http://www.kulavkova.org.mk