home contact developed by bles¤k.web.design
poetry


Белешка за авторот:

Катица ЌУЛАВКОВА (1951) - поет, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, универзитетски професор. Има докторирано на загребскиот Универзитет. Работи како редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Била претседател, а сега е почесен потпретседател на Македонскиот П.Е.Н. Центар.

Ги има објавено следните книги:
поезија: 1975 - Благовести (награда "Студентски збор" и "Млад борец"); 1978 - Акт; 1981 - Нашиот согласник; 1984 - Нова пот; 1986 - Невралгични места/Неуралгична места; 1989 - Дива мисла (избор); 1989 - Жедби, престапни песни (награда "Браќа Миладиновци"); 1993 - Домино (награда "Нарциса"); 1998 - Time Difference (превод на англиски - Илија Чашуле и Tomas Sapkott); 1998 - Via lasciva, Saint-Nazaire (превод на француски - Harita Wybrands); 2000 - Меѓусвет;
поетска драма: 1997 - Изгон на злото; 2000 - Expulsion du Mal (Harita Wybrands);
раскази: 1989 - Друго време (difference, куси, поетски раскази);
поетика, есеистика, критика: 1984 - Фигуративниот говор и македонската поезија; 1987 - Стапка и отстапка; 1989 - Одлики на лириката; 1992 - Копнеж по систем (избор); 1996 - Потход и исход; 1997 - Камен искушител; 1997 - Тетратки; 1999 - Теорија на книжевноста - увод.
избори: 1985 - Манифестите во македонската книжевност, Стремеж 10; 1988 - Трепет, поезијата на Десанка Максимовиќ; 1988 - Поезијата и јазикот (зборник текстови), СВП; 1992 - Маски, поезијата на Матеја Матевски; 1993 - Избор од поезијата на Ацо Шопов; 1996 - Црни овци, антологија на светскиот расказ; 1998 - Феминистички стратегии, Сигмапрес, Скопје; 2000 - Тајна одаја, македонскиот расказ на ХХ век, Скопје; Anthologie de la nouvellle macèdonienne, Paris, UNESCO; 2000 - „Од Марко Цепенков до Игор Исаковски" (презентација на македонскиот расказ на Интернет); 2000 - Македонскиот есеј, антологија на македонскиот современ есеј, Прилеп, Стремеж.
аудио касета: 2000 - Метафизички немир, поетски избор, Радио Скопје.

назад кон содржината на „Меѓусвет“

© Катица Ќулавкова и Блесок, 2001.
Сите права се задржани.