home contact developed by bles¤k.web.design
poetry


Множење со нула

Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сè додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сè додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нè потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус

сè додека
не остане
и не стане
сè
прааззззннноооо
ОО 00 оо

... назад ... назад кон содржината на „Меѓусвет“ ... понатаму ...

© Катица Ќулавкова и Блесок, 2001.
Сите права се задржани.