home contact developed by bles¤k.web.design
poetry


Губење на идентитетот

Банално, но стварноста нè тангира
па ја сецкаме на ситно, главица кромид
и солзиме долго, до заслепување
си го потхрануваме егоизмот

„Не, во прашање е вкус, а не комфор“
ја земаме нашата кревка
незаштитена стварност
ја спружираме на даската за сечење
и и’ реплицираме со ножот на две острици
две лица
(нема каде да се бега!)

идентитетот се мултиплицира
сè додека не конвертира во привид

секогаш во нешто поинакво
во сè друго само не во она
што би го очекувале
по навика!

... назад ... назад кон содржината на „Меѓусвет“ ... понатаму ...

© Катица Ќулавкова и Блесок, 2001.
Сите права се задржани.