Дарба да се забележат сличностите
Разбиена илузија
„Нема два потполно
исти збора
светот е полн
разлики“
но,
ние ги чувствуваме сличностите
немилосрдно, блиц
видение, провидение
ефект на разбиени огледала
обземаат потсвесно
глаголат подземно
генетски подмолно
(кога-тогаш!)
невозможно е
да се преземе нешто однапред
да се спречи умот
чекаме вешто
чекаме непојмливо трајно
тоа е уметност на Постот
ars combinatoria!
приближување до себеси!
враќање дома!
