„Оче! А он рече: што сине!
И рече Исак: еве оган и дрва,
но каде е жртвеното јагне“?
(Стариот завет, Прва книга Мојсиева, 7)
„И се 'затвори небото'
и дожд не заврна
и суша фати
и глад
и зло секое
до разнебитие…
Зошто Оној Горе молчеше
и милоста ја штедеше
никој не узна!
Одби тогаш
и сега одбиј -
доказ за љубовта
посегањето по сопствениот
пород
и жртвувањето
на најмилото
- да ти биде!
Зошто од зло позло за
добро?
Зар Оној Горе не чита мисли
и предумисли?
Зар не разликува
Оној-кој-сè-гледа?
Зар моќ нема
Оној кој е семоќен?
Зар злодоброто е етерично тло
од кое нема да се одлепиме?
Зар времето на полубожествата
лажните пророци и развратот
сеуште трае
та што толку се напати
сè живо и диво
во земјава?“