home contact developed by bles¤k.web.design
poetry


Исповед на дете

„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден

па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!

Потем се соземам несвесно
се враќам со временската машина
во виртуелната стварност
и продолжувам да си играм
да се занесувам

оти како инаку ќе преживеам
Мамо
- не знам!“

... назад ... назад кон содржината на „Меѓусвет“ ... понатаму ...

© Катица Ќулавкова и Блесок, 2001.
Сите права се задржани.